Досега најголема ХУМАНА АКЦИЈА организирана од АД Жито Вардар!!!
ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА НАШИТЕ СОГРАЃАНИ!!!
Ако сте припадник на една од следниве групи:
СОЦИЈАЛЕН СЛУЧАЈ;
ПЕНЗИОНЕР со оставарено право на пензија и висина на примање ДО 8.000 ДЕНАРИ.
ПОВЕЛЕТЕ, дојдете во просториите на АД Жито Вардар, станете корисник на повластена КЛУБ КАРТИЧКА и уживајте ги нејзините привилегии!!!
Со поседување на КЛУБ КАРТИЧКАТА остварувате право за купување на пакет производи од АД Жито Вардар по екстремно ниски цени во вредност од 2.000 денари (месечен лимит кој не може да се пречекори). КЛУБ ПАКЕТОТ ги опфаќа следниве производи:
ЛЕБ Тип 500 од 520 гр,
ЈАЈЦА,
БРАШНО Тип 400,
СВЕЖО СВИНСКО МЕСО/пакет СУВОМЕСНАТИ производи:
Вршнички колбас,
Шунка за пица,
Пилешки гради,
Мортадела,
Свинска посебна салама.
Користењето на КЛУБ КАРТИЧКАТА е ограничено и тоа само во малопродажните објекти на АД Жито Вардар.
Потребна документација за добивање на КЛУБ КАРТИЧКА:
Прва категорија – СОЦИЈАЛЕН СЛУЧАЈ:
1) Фотокопија од Решение и од евидентно картонче издадени од Центарот за Социјална помош;
2) Фотокопија од лична карта.
Втора категорија – ПЕНЗИОНЕРИ со примање до 8.000 денари:
Фотокопија од чек за пензија од последниот месец;
Фотокопија од лична карта.
Со потполна документација, картичките можат да се подигнат во просториите на АД Жито Вардар или алтернативно во некој од малопродажните објекти на компанијата.
НАПОМЕНА:
Корисник на КЛУБ КАРТИЧКА може да биде само еден член од семејството.
Акцијата трае ограничен временски период .
Издавачот го задржува правото на постојана контрола на меродавноста и компетентноста на дадените податоци од аплицираните или тековните корисници на КЛУБ КАРТИЧКИ.