Општина Велес доби награда за општинско управување
Општина Велес е добитник на наградата за добро општинско управување воведена од страна на фондацијата „Институт Отворено Општество Македонија“. Општината го освоила првото место во категоријата на единици на локалната самоуправа. Конкурсот за доделување на признанија за добро управување за институции и организации во три категории за првпат се воведува оваа година од страна на ИООМ или СОРОС, во рамките на проектот процена на потенцијалот за добро управување во Македонија. Наградата е во висина од 10 000 американски долари кои Општина Велес треба да ги потроши за некој проект од областа за добро општинско управување.
На конкурсот други добитници на награди се Царинската Управа на Република Македонија од редот на институциите на Централната Власт и МАПАС од другите институции на Централната Власт на Република Македонија.