Територијалната противпожарна единица на Општина Велес доби нова противпожарна опрема

Во Територијалната противпожарната единица на Општина Велес во се промовираше донираната опрема од страна на проектната група на операцијата „Флоријан“ за Република Македонија. Територијалната противпожарна единица во Велес доби едно противпожарно возило со целосна опрема, марка Волво, едно возило (комбе) за пренос на компресор за полнење на апарати за дишење, компресор за апарати за дишење, тринаесет метарска и две помали скали за акции за спасување, апарат за спасување во случај на сообраќајни несреќи, униформи, црева, и друга пропратна опрема, како и еден компјутер за потребите на територијалната противпожарна единица. На промоцијата присуствуваа градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, командирот на противпожарната единица во Велес, Ристе Мицевски, претставниците на органите на централната и локалната власт, пожарникарите на Велешката територијална единица и претставниците од Советот на Општина Велес. Проектот „Операција Флоријан“ Општината Велес го реализира заедно со градот Скопје и Општините Гостивар, Тетово и Свети Николе во соработка со Фондацијата „Чарити“ и противпожарната единица од Манчестер, Велика Британија. Во склоп на проектот кој се одвива на државно ниво е вклучена и Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија и се очекува преку самиот проект да почнатво Македонија да се применуваат противпожарните стандарди на Европската Унија, во поглед како на активностите на теренот така и во законодавството. Во територијалната единица на Општина Велес од 12 мај се очекува да пристигне групата на обучувачи од Манчестер, Велика Британија кои три недели ќе ги обучуваат Велешките пожарникари во поглед на користењето и одржувањето на донираната опрема и како треба да се применуваат европските противпожарни стандарди.




 
Copyright CD Radio 2006 | All Rights Reserved