Пита пастрмајлија 2008

Во организација на Општина Велес и Фондацијата Фокус, по четврт пат се одржа манифестацијата Велешка пита пастрмајлија 2008. Од продажбата на пити и вино беа собрани околу 33 000 денари, пари наменети за доопремување на детското одделение при општата болница Велес, во рамките на проектот Насмевка во пижами. Оваа година учество земаа десет ресторани, а првото место го доби Ресторанот Снупи, чиј сопственик Атанас Манев изјави дека за успешната работа е заслужна целата екипа на ресторанот. Второто место му припадна на Хотелот Вила Зора а на трето место бурекџилница Цеце. Од производители на вино, беа присутни Винарија Вила Марија од Демир Капија, Тиквеш од Кавадарци и Винарија Николов. На сите учесници им беа доделени благодарници за нивната хуманост. Директорот на Фондацијата Фокус, задоволна од собраните средства упати благодарност до сите велешани.



 
Copyright CD Radio 2006 | All Rights Reserved