Доделување на Јубилејните награди за 20г. работен стаж на вработените во АД. Крзнара „Димко Митрев“
Во просториите на АД. Крзнара „Димко Митрев“, во присуство на генералниот директор на фабриката, Атанас Киров и раководството на фабриката се доделија јубилејните награди на вработените за 20 години работен стаж. На секој од вкупно 13-те вработени кои оваа година прославуваат 20 години работен стаж им беше доделена наградата крзнен килим од 4 метри квадратни. На пригодната церемонија свое обраќање до наградените работници даде генералниот директор на крзнарата „Димко Митрев“, Атанас Киров кој на наградените работници им ги честита признанијата и напомена дека и оваа година крзнарата „Димко Митрев“ ќе пласира нови производи и ќе го зголеми своето производство а напоредно со тоа и ќе го прошири досегашниот пласман на производството. На наградените работници поздрав со честитки за јубилејните награди даде и претседателот на Сојузот на борците од Велес, Јован Ивановски. Оваа година крзнарата АД. „Димко Митрев“ прославува 60 години од своето постоење и работење.