Промовирани новите деловни простории на велешката маркетинг агенцијата „ Easy media “ и веб порталот „Кантар“
Велешката маркетинг агенцијата „ Easy media “ ги промовираше своите нови деловни простории , порталот www.kantar.mk и сервисот www.pronajdime.mk . Создадена во 2009 година компанијата по една година работење може да се пофали со бројка на 8 вработени и 80 сопствени изработени билборди кои што се поставени ширум Македонија. Веб порталот кантар е замислен како информативно-забавен портал кој што постои од 2010 година и нуди секојдневни содржини кои што се примамливи за широката интернет маса. Интересно и уникатно е тоа што кантар е единствениот портал во Македонија кој што има сервис за прикажување на текстуални реклами со слика од сервисот пронајдиме ме и нуди содржини кои што се различни од другите. Сервисот пронајди ме текстуалните реклами со и без слика ги наплаќа само преку клик и со тоа таргет групата се потрошувачи и клиенти на фирмите кои како новитет за првпат се применуваат во Македонија. Агенцијата маркетиншки веќе е покриена низ Македонија со тоа што веќе имаме поставено околу 10-на билборди на неколку патни правци а можеме да се пофалиме дека посетите на порталот не се само од Велес туку и од цела Македонија напомена уредникот и администратор на порталот, Тодор Спасев. За тоа дека тимот кој што работи на порталот сака да воведе промени и да биде уникатен, доказ е делот кој што го воведуваат на страната наречен уни кантар во кој што се поставени уникатни статии создадени од вработените со сопствено истражување. Веќе имаме создадено статии кои се однесуваат на темите бизнис и менаџмент а моментално актуелни се интервјуата со млади маркетинг менаџери кои што во иднина би биле и со сопственици на фирмите трговец-поединец и претприемачите потенцираше Спасов. За тоа дека Македонија сеуште не е созреана за интернет маркетинг потврди и Спасов но нагласи дека тимот на „ Easy media “ ќе се обиде да ја пренесе пораката која воедно е слоган на порталот „Портал по твоја мерка“ и ќе се трудат да создадат уникатност која ќе привлече публика.