Да се заборави Херострат во хуманитарни цели

 

Во преполната сала до последното место на Народниот театар ЈХК Џинот , беше изведена претставата „Да се заборави Херострат“ од Григориј Горин во режија на Зоја Бузалковска. Со оваа претстава Велешкиот театар се вклучи во акцијата на ОО на Црвен Крст од Велес за собирање средства потребни за операција на едногодишната Теона Димовска, која има вродена срцева мана. Оперативниот зафат треба да се изврши во соседна Бугарија а нејзиното семејство не е во состојба да ја плати операцијата. Петте активистки од подмладокот на Црвениот Крст од Велес со својата PHV работилница имаат намера да соберат 500 евра кои се само дел од потребните средства за операцијата.



 
Copyright CD Radio 2006 | All Rights Reserved