Во Велес успешно стартуваше серијата средби со граѓани на тема името на Република Македонија. Во преполната сала на Хотелот Вила Зора, велешани активно се вклучија во дебатата, притоа искажувајќи ги своите ставови дека Македонија не треба да подлегне на притисоците. Велешани се заинтересирани што ќе се случи ако Македонија дозволи да и се смени името. Со што ќе се соочиме понатаму.
Дебатите се во организација на невладината организација Македонска цивилизација и иднина во врска со најновите случувања околу обидот на Грција и некои други структури да ни наметнат име кое не е наше. Според Миленко Неделковски, член на оваа невладина организација, има обид да ни наметнат и агенда односно точки под кои ќе го изгубиме идентитетот. Токму овие обиди доведоа до самоорганизирање на вакви средби и дебати. Невладината организација отвора книга за сите граѓани кои ја поддржуваат акцијата Македонија е единственото наше име.
По прашањето за организирање референдум за името на Република Македонија, Неделковски смета дека не смее да има. Според досегашните направени анкети на агенциите, ниту еден македонец не сака да се промени името на Македонија.
За во понеделник 31 ви март за време на закажаната седница на парламентот, се повикува целиот македонски народ спонтано да се собере пред собранието на Република Македонија и да го искаже својот став по ова прашање.