17 ти март, Ден на Црвениот Крст и крводарителството

 

По повод 17 ти март, денот на Црвениот крст и ден на крводарителството во Република Македонија, општинската организација на Црвен Крст Велес организираше Прием за истакнати активисти, доброволни дарители на крв и истакнати јавни личности. На свеченост беа доделени признанија на повеќекратни дарители на крв и тоa за 100, 75, 50, 25, 10 и за пет пати дарувано крв. Во знак на благодарност за унапредување и омасовување на крводарителството и значаен придонес во крводарителството благодарници беа доделени на : Друштво Фабрика за шински возила Велес ДООЕЛ, ССОУ Коле Неделковски, основната организација на Црвен Крст во населба Чашка. Благодарница за најдобар активист и мотиватор со посебен допринос за развој на крводарителството во 2007 година му е доделена на Кире Николовски, претседател на ООЦК во населба Чашка. Благодарница се додели и на Директорката на фабриката за шински возила Велес ДООЕЛ, Фани Стојанова како и багодарница постхумно за Славчо Виларов, кој во далечната 1958 година во тогашната работилница Колска непосредно учествувал во организирањето на првата крводарителска акција во Велес. Свеченоста беше збогатена со настап на учениците од Гимназијата Кочо Рацин.

 

 

 

 

 

 

 


 
Copyright CD Radio 2006 | All Rights Reserved