Екипата на CD radio во Велес присуствуваше на промоцијата на најновата понуда на Max ADSL. под мотото „Со Max ADSL„ до лаптоп по суперповолна цена - да сурфаш со супербрз интернет, да работиш на супер лаптоп и тоа за супер цена. Со одбирањето на било кој од Max adsl пакетите се нуди можноста да се купи неверојатниот Toshiba Satellite L40-17T лаптоп на рати преку телефонската сметка заедно со било кој интернет пакет. Плаќањето на лаптопот може да се изврши на 4 години на 48 рати по цена од 750 денари со ддв, месечно, на 24 рати по цена од 1400 денари со ддв, месечно и можноста да се плати целиот износ преку сопствената телефонска сметка по цена од 31 499 денари со ддв. Сите оние кои што ќе ја одберат понудата добиваат месец дена бесплатен интернет со договор од година дена, а модемот можат да го исплаќаат на 24 и 12 рати по цена од 1799 денари со ддв. Во цената на лаптопот не е вклучена цената на Max ADSL пакетот и понудата не важи за корисниците на Max ADSL + компјутер. Понудата важи за сите нови но и за постоечките резиденцијални и деловни Max ADSL корисници кои ќе склучат договор на 1 година.